Деведесет години од своето основање прославува денеска Стопанската комора на Македонија, со свеченo одбележување на овој значаен јубилеј за коморското организирање во Република Македонија. Според најавата, во одбележувањето на јубилејот ќе земат учество видни гости, меѓу кои и Алесандро Барберис, претседател на Асоцијацијата на европските комори, претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на комората. Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис-асоцијација во државата, членка е на бројни меѓународни организации и институции, соосновач на мешовити комори, деловни совети, што придонесува за што поуспешно претставување и застапување на интересите на своите членки во земјата и во странство.
Деведесет години од своето основање прославува денеска Стопанската комора на Македонија, со свеченo одбележување на овој значаен јубилеј за коморското организирање во Република Македонија.
Според најавата, во одбележувањето на јубилејот ќе земат учество видни гости, меѓу кои и Алесандро Барберис, претседател на Асоцијацијата на европските комори, претставници на државни органи, институции, дипломатскиот кор, претставници на меѓународни институции, здруженија и партнери, гости, пријатели и поддржувачи на комората.
Стопанската комора на Македонија е водечка бизнис-асоцијација во државата, членка е на бројни меѓународни организации и институции, соосновач на мешовити комори, деловни совети, што придонесува за што поуспешно претставување и застапување на интересите на своите членки во земјата и во странство.
Воспоставувањето меѓународни контакти, учество на бројни меѓународни бизнис-форуми, саемски, едукативни, промотивни и друг вид манифестации, е во функција на поддршка на унапредувањето на деловните активности на членките на Комората, стои во соопштението.